Германските војници остануваат на Косово

Германската влада  денеска донела одлука за продолжување на мандатот на Бундесверот во оквирот на КФОР на Косово, пренесуваат германските мадиуми, наведувајќи дека како и секогаш досега , конечната одлука и зелено светло ќе даде германскиот парламент за две недели.

Будесверот, кој е присутен на Косово со 700 војници во оквирот на КФОР, веќе 15 години е во тој ангажман и тоа е најдолга германска мисија во странство.

Горната граница на косовскиот мандат е 1850 војници, а сега оваа мисија е втора по големина, после мисијата на германсата војска во Авганистан.

Мандатот на Бундесверот на Косово истекува во јуни, а гласањето на пратениците во Бундетагот, кадешто апсолутно мнозинство имаат владеачките демохристијани и социјалдемократи, за продолжување на мисијата за уште една година, се смета за извесно.