Балкан

Германско МНР: Можни се напади во Истанбул од страна на ПКК

Германско МНР: Можни се напади во Истанбул од страна на ПКК

Министерството за надворешни работи на Германија денес предупреди дека се можни напади во Истанбул на подземната железничка мрежа и автобуските станици, откако турските сили извршија напад врз курдските милитантни активисти во северен Ирак.

– Можни се засилени напаѓачки активности на милитантната Курдистанска работничка партија (ПКК), се наведува во соопштението објавено на веб страната на германското МНР, пренесува српски „Блиц“.

Инаку, поради стравот од напади во Истанбул и воопшто во Турција, бројот на странски посетители во Турција опадна за 2, 25 отсто на 14, 89 милиони лица во првите шест месеци годинава. Ова го покажуваат податоците што денес ги објави Министерството за туризам во Анкара.

Предупредување и од турското министерство за правда

Турското Министерство за правда испратило писма до сите судски институции во земјата во кое ги предупредува за опасност од нови терористички напади во Турција.

Наводно, предупредувањето следи по разузнавачка информација, според која е можно судовите да бидат следна мета на нови напади во Турција од страна на „сепаратистичка терористичка организација“.

Воедно Министерството за правда минатата недела ги предупредило магистратите и за потенцијална опасност од киднапирање на државни службеници.

Терористите уништија гасовод

Група терористи вчера изврши нов напад во Турција – уништен беше дел од гасовод во турскиот округ Агра кој се наоѓа на околу 15 километри од границата со Иран.

Предивикан бил голем пожар кој навреме е изгаснат. Преносот на гас низ системот е прекинат, се додава во извештаи на медиумите во Турција.

Вонредна НАТО седница за Сирија

Вонредна НАТО седница за Сирија
Вонредна НАТО седница за Сирија

Вонредна седница на НАТО, на која главна тема беше Сирија вчера беше одржана по барање на Турција.

Анкара на тој потег се одлучи откако воената авијација почна со воздушни удари врз позиции на Исламска држава и курдски бунтовници во соседна Сирија. Во соопштението на НАТО се вели дека Алијансата „многу внимателно ќе ги следи случувањата и ќе биде солидарна со Турција“.

Турција удри врз Исламска држава

Турски воени авиони во петокот ја нападнаа Исламска држава. Авионите извршиле бомбардирања на цели на ихадистичката група на подрачјето на Сирија.

Турски воени авиони во петокот ја нападнаа Исламска држава
Турски воени авиони во петокот ја нападнаа Исламска држава

Телевизијата ТРТ објави дека четири борбени летала, полетале од базата Дијарбекир, во југоисточна Турција, и извршиле ракетен напад врз сириското село Хавар, кое се наоѓа непосредно до граничната линија со турската провинција Килис.

Кабинетот на премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, испратил соопштение до јавноста во кое е наведено дека авиони од типот Ф-16 во петокот утрината бомбардирале три локации на Исламска држава во северна Сирија.

Оваа акција на турската армија се случуваше по нападите наџихадистите на позиции на војската на Турција долж границата.

Исламка држава се смета за одговорна за нападот кој беше извршен овој месец во турскиот град Суруч, при што загинаа 32 лица, а најмалку 100 беа ранети.

Уапсени 1.050 милитанти во Турција

Меѓу уапсените милитанти во Турција има и 50 до 60 странски државјани, изјавил турскиот премиер Ахмет Давутоглу.Турските безбедносни сили во петокот при спроведување на акција уапсија 1.050 милитанти, меѓу кои и припадници на ИД, Курдската работничка партија (ПКК) и ултра левата партија DHKP-C.

Американски претставници соопштија дека Турција и САД ќе формираат зона независна од Исламска држава во Сирија.