Германско МНР: Оние кои ќе патуваат во Грцја да носат готовина

Германското Министерство за надворешни работи ги советуваше денеска сите граѓани кои планираат да патуваат во Грција со себе да носат доволно готовина пред да тргнат, пренесува МИА.

Министерството нагласи дека граѓаните кои ќе патуваат во Грција и кои ќе сакаат таму од банкомати да извадат пари можеби ќе чекаат многу, а можно е и да недостигаат пари во банкоматите.

Загрижени грчки граѓани денеска направија големи колони пред банкоматите за да извдадат пари, откако премиерот Алексис Ципрас свика референдум за последниот предлог на кредиторите за реформи како услов за финансика помош.

По тој чекор на Ципрас кредиторите одбија да ја продолжат спасувачката програма за Грција по нејзиното истекување на 30 јуни во вторник.