Спорт

Германското Обвинителство ја потврди истрагата против шефот на „Фолксваген“

Германското Обвинителство ја потврди истрагата против шефот на „Фолксваген“

Германското Јавно обвинителство денеска потврди дека е покрената истрага против претседателот на Надзорниот одбор на компанијата „Фолксваген“, Дитер Пех.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, истрагата ја водат истражители од Брауншвајг, кои успитуваат дали во 2015 година „Фолксваген“ манипулитал на пазарот на возила, со одложување на информациите во врска со последиците на штетните гасови во скандалот со софтверот за мерење на загадувањето.

Предходно, компанијата „Фолксваген“ најави дека истрагата од германското Обвинителство која започната во јуни, со која беа опфатени двајца други водечки директори на компанијата, е проширена и на првиот човек на германскиот автомобилски гигант.