Геро контраш

Голема трагедија ги погоди селата на Шар Планина. Особено Шипковица. Загубени се човечки животи, а меѓу нив и детски. Огромна е и материјалната штета, но тоа ќе се поправи и направи. Луѓето за жал не.

Премиерот Никола Груевски веднаш пристигна кај погодените. Се виде со нив. Поразговара. Им изрази сочуство за загубата на најблиските и најмилите. Вети дека ќе им се помогне на секаков можен начин. Државата ќе им излезе во пресрет. Сега кога им е најтешко и кога им е најпотребно. Владата денеска и одржа итна седница за погодените од невремето. Ќе си одржи зборот и ветеното. Како и многупати досега. Тоа е практиката на Груевски. Зборот не се погазува.

Тука почнува и игранката на опозициските трубадури. Веднаш се огласија. Тоа за нив е политичко лицемерство и злоупотреба на трагедија за пропаганда и лична промоција.

Каков џган од луѓе! Навистина, необјасниво. Се’ им пречи. Се’ не им чини.

Па, ако не отидеше премиерот, тогаш еден од најгласните опозициски трубадури Героски ќе пишуваше дека не отишол зошто таму живеат Албанци? Омразата на Героски нема граници. Користи една, според критериумите кои ги постави ВМРО ДПМНЕ, ординарна активност на Владата. Таа активност е секогаш идентична. Така беше и за време на неодамнешните поплави во Пелагонија, во штипско и секаде каде што имало елементарни и прородни непогоди. Но, Героски од тие активности добива нагон да се пресмета политички. А, премиерот Груевски само постапи онака како што постапува секогаш. Човечки. Ако постапил погрешно, тоа ќе го знаат граѓаните Албанци, кои ги посетил, а не Героски кој се чувствува повикан секогаш да исплука се’ што ќе направи Владата.

За да каже нешто Героски треба да има морална вредност и тежина зад себе и да му веруваме на неговиот морален суд, но тој не е ништо повеќе од едно олицетворение на злоба и омраза, на ситење, на гнев, на поделби и раздор, на сомнително финансирање проекти со пари од Сорос, и класичен инструмент на опозицијата, кој во лична возбуда се нуди самиот за вакви погани задачи, очекувајќи потоа галење по главата и тапкање по рамото, од неговите ментори Фрчковски и Милчин, и задоволство кај Заев за и тој да фрли некоја паричка.

Какво менаџирање во локалната самоуправа смисли неговиот му мил шеф Заев? Никакво. Ја практицира само добро познатата рушвет тактика на СДСМ. Право во касата на Вицето. Во менувачницата. По едно евро. Е така тие менаџираат со природните ресури. Корумпирано. Одличен начин за продажба на државно земјиште. И сега нашле уште да солат памет. Очајници и лузери.

Не е исто да си издржан критичар и да си дежурен негативец. Героски и неговите се второво, нема никаов сомнеж во тоа. Тоа се луѓе контраши, на кои се’ им пречи, но чие мислење околината никогаш не го зема за сериозно и издржано.