вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 3

Героски го откри обидот на Спасовски за незаконско делување

Нов скандал на Оливер Спасовски. Новинарската перјаница на СДСМ, Бранко Героски ненамерно го откри обидот на технички назначениот министер Оливер Спасовски да делува надвор од законот и да ја политизира полицијата по партиска директива.

spasovski-oliver-2

Поврзани вести

Нов скандал на Оливер Спасовски. Новинарската перјаница на СДСМ, Бранко Героски ненамерно го откри обидот на технички назначениот министер Оливер Спасовски да делува надвор од законот и да ја политизира полицијата по партиска директива.

Порталот „Плусинфо“ објави дека МВР трага по групата која фрлала флаери против СДСМ.

gero-spasovski-1

Полицијата извести дека трага по групата која во Штип и Берово разделувала летоци со пропагандна содржина против СДСМ. Првиот случај бил пријавен вчера во Штип во 10 часот на улицата „Петта Партиска конференција“. Засега непознатите лица во влезовите од зградите по вратите и во поштенските сандачиња ги оставале летоците. Вториот случај е откриен во период од 22 до 23 часот во Берово на улиците „Маршал Тито“, „23 Август“, „Димитар Влахов“, „Моша Пијаде“ и „Партизанска“. Полициска патрола на улиците забележала расфрлани поголем број на летоци со содржина против СДСМ, пишува „Плусинфо“.

Со ова самиот Геровски откри дека Спасовски издал наредба полицијата да работи согласно насоките од „Бихаќка“ и да испитува кои делел флаери со изјави од лидерот Зоран Заев  во кои тој заговара воведување на албански јазик и во Струмица. Со оглед на правната непоткованост на Героски, истиот заборавил дека делењето на флаери не е кривично дело и дека давањето наредба на полицијата да постапува надвор од законот е невиден преседан во фасистички манир.

Како што дознава Нетпрес од извори во полиција огромен бил револтот за ваквата постапка на Спасовски и голем дел од полицијата одбила да постапува. Спасовски, според нашите извори се соочува со сериозен бунт доколку повторно се обиде по налог на Заев и Героски да издава незаконски наредби.

Ваква наредба не е дадена во целата независност на Македонија и ја нема во ниту една демократска земја во светот. Дваесет години низ земјава се делеле флаери и никој не обрнал внимание за тоа, затоа што тоа е дел од демократијата, а не пак да ангажира полиција да се замара со ваква тривијалност во услови кога има други приоритети како што се мигранти, тероризам низ Европа и слично.

Ова е класично Фашистицко однесување. Само фашистите гонеле младинци кои делеле летоци и бркале луѓе кои пишувале пароли. Денес ова го прави само Северна Кореја и ИД кои сечат рака за графит или леток. Ова го прави Оливер Спасовски, поддржан од Геровски. Ова е антидемократски, антицивилизациски и антихумано.

Побаравме став и во Јавното Обвинителство од каде што ни кажаа дека не е издадена наредба за ваква истрага, што е само потврда на информацијата дека Спасовски се обидел да ја злоупотреби позицијата и да ја политизира работата на Министерството.

Оливер Спасовски веќе ја скандалозираше јавноста со предизвикувањето хаос со одземањето на сите овластувања во МВР и расипничкото однесување откако седна во новата фотелја.

Најчитани вести