Героски ќе ги објавувал само „бомбите“ од Заев, бидејќи другите биле незаконски!

По заканата на таканаречени „Македонски анонимуси“ дека ќе објавуваат снимени разговори кои заев сака да ги сокрие, денеска се јави и одговорниот уредник на порталот „Плусинфо“ и „Слободен печат“, Бранко Героски.

Тој на својот ФБ пофил кажува дека  ќе продолжи да објавува само за бомбите на Заев, но доколку се појават други тонски записи кои не би биле објавени на начин каков што СДСМ ги објавува, независно што и материјалите на СДСМ се незаконски стекнати, неговите медиуми нема да го објавуваат тоа.

Героски видно исплашен од тоа што би можело да биде објавено, самиот признава дека објавувањето на материјали кој веќе СДСМ ги објавува е незаконско и казниво. Имено, Героски не објаснува како објавувањето за материјалите на СДСМ е законско, а се друго е незаконско кога и тој самиот во продолжение пишува дека објавувањето е “казниво според член 151 став 3 од Кривичниот законик на Република Македонија“.

-Исто така, Плусинфо и „Слободен печат“ не можат да преземат одговорноста за изнесување и пронесување навредливи и клеветнички содржини, доколку не се исполнети условите за неказнување експлицитно пропишани во Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, напиша Героски.

Останува нејасно што Героски сака да сокрие, зошто е нервозен и зошто објавувањето на бомбите на СДСМ е законски, а се’ друго би било незаконски, пишува Курир.