Героски на ФБ: Одлична колумна на Тричко, содржи одлична парабола

Бранко Тричковски во својата најнова колумна објавена во „Слободен печат“ пишува за убиство на премиерот, а Бранко Героски на Фејсбук го фали опозицискиот колумнист со коментар дека колумната била одлична, пишува „Курир“

geros

Говор на омраза и повик за линч може да се види во колумната на Тричковски насловена „Убиство на премиерот во сон“, за која ударната медиумска тупаница на СДСМ, Бранко Героски смета дека е одлична и содржела одлична порака.

-Ја гледам црвената точка на неговото теме и чкрапам, нула, еден, куршумот полетува, јас го вадам мобилниот телефон, му ѕвонам на премиерот, низ нишанот гледам како тој го крева својот „ајфон“ од масата со решенијата за Македонија, „ало вели тој, „ало“ велам јас, „сврти се накај американската амбасада, имам еден подарок за тебе“, му велам, тој се врти, го гледа ласерскиот зрак обоен во црвено, фацата му се изобличува како на Хамилтон во „Параболика“ на Монца, проектилот го крши џамот и влегува во основата на неговиот нос во форма на куртовска капија и прави божурен отвор во неговата чипирана глава!, пишува Тричковски во колумната.

Во коментар кој повторно е полн со навреди, Героски заклучува дека “куририте пак ништо не разбрале“ и дека колумната содржела “една одлична парабола“.

– Одличната колумна на Тричко содржи една одлична парабола, која… Ама чекајте, луѓе, што објаснувам јас овде? Та кој од новинарскиве џукели знае што е тоа парабола?, пишува Героски.

Додека Бранко Героски и Тричковски проодлжуваат да шират говор на омраза со навреди како “џукели, курви, силеџии, гомнари“ и притоа едниот пишува за убиство на премиерот, а другиот тоа го смета за одлично, еснафското здружение на новинари и понатаму молчи. Дали ЗНМ конечно еднаш ќе собере храброст и  ќе излезе со осуда кон Героски или некој од колумнистите на неговиот портал, кои во секое свое излагање се служат со клевета, навреда, омраза, повик за линч. Реакција од ЗНМ за навредите на Героски и Тричковски се уште нема.