Македонија

Героски плука по државните интереси со полна уста луксузна храна

Героски плука по државните интереси со полна уста луксузна храна

Срамно однесување на главниот новинарски послушник на опозицијата Бранко Героски. Додека безобзирно ги плука државните интереси директно наштетувајќи и на македонската позиција, уредникот на весникот „Слободен печат“ и порталот „Плусинфо“ бесрамно се фали дека ужива во разни специјалитети, пишува Курир.

По вчерашниот демант од министерот за надворешни работи, Никола Попоски, адресиран до Героски во кој шефот на македонската дипломатија јасно му укажува на отворениот поддржувач на опозицијата дека пласира дезинформации и манипулации околу спорот за името кој ни е наметнат од Република Грција, со своја реакција се јави Героски во текст објавен на Плусинфо.

Героски пишува дека демантот од министерот Попоски го затекнал на семеен ручек во ресторан. Веднаш откако го прочитал решил прво да се посвети на “прекрасно зготвените јадења и на пријатниот муабет со драги пријатели“, а потоа да одговори.

Ваквиот безобзирен и дрзок одговор на Героски само говори за дното до кое е дојде на оваа група на одработувачи, која преку класично агентурско однесување директно ја подрива македонската преговарачка позиција и не бира начини да ја стави македонската страна во тесно, сакајќи преку ноторни манипулации да завршат валканата задача за (не)познат нарачател и притоа сработувајќи за нивна, односно нечија туѓа агенда.

Министерот Попоски вчера му порача на Героски дека крајниот резултат од неговите дезинформации е една безобзирна лага и манипулација која не соодветствува со реалноста и единствено цели кон омаловажување на позициите на Република Македонија кон ова стратешки битно прашање.

Героски повторно целосно го игнорира фактот што позицијата на Владата на Република Македонија по прашањето кое го третира е јавна и недвосмислена, дека Владата нема да прифати било какво решение кое може да ги загрози македонските национални, културни, јазични особености и нема да прифат промена на уставот со цел промена на уставното име. Токму ова, Попоски вчера јавно и јасно  уште еднаш му го укажа на Героски.

Додека Героски ужива и се посветува на прекрасно зготвените јадења, како што може да се види на фотографијата која сам ја објави, свесно манипулира со дезинформации околу прашањето за името за кои се покажа дека немаат никаква допирна точка со вистината.

Фалејќи се со ручеци и изобилство на храна, тој лицитира со државните позиции на името и како од шега лиферува со стратегии, предлози, но манипулира и со тајминзи што создава забуна, но пред се голема штета за државата.

Дефокусирајќи го вниманието од нелегалната блокада и обидувајќи се да креира впечаток на разединетост кај Македонците по клучно стратешко прашање, Героски со ноторни манипулации сработува туѓа агенда, во идеално време кога на јужниот сосед очајно му е потребно да го одвлече вниманието на другите земји членки од себе и нејзините нелегални практики во однос на нашата земја.

Останува отворено вистинското прашање за чиј интерес е ваквото негово однесување и зошто одработува за туѓа агенда, кога и самиот е свесен дека тенденциозно смислил уште една валкана манипулација, во која речиси како и секогаш досега, никој нема да поверува, бидејќи ваквите безобзирни и евтини сензационалистички обиди на Героски веќе од поодамна се препознаени.