Героски побрза да го спасува Црвенковски, СДСМ веднаш истрча со извинувања

Тврдам дека е грешка, веројатно, не намерно, одлуката да се објави целиот 36-минутен разговор меѓу Сашо Мијалков и Драган Павловиќ-Латас, пишува Бранко Героски во својата најнова колкумна. А, зошто по грешка, затоа што во разговорот за прв пат се споменува и неговото име. Па, оттука излегува дека деловите од разговорите кои им одговараат на СДСМ и се против власта се вистинити, а оние другите, пак, каде се споменуваат договори со нив се чиста манупиулација.

Па така, „изненаѓен и увреѓен“, Героски вели „проблемот со објавувањето на целосниот разговор меѓу двете алапачи е во тоа што тој содржи елементи од лична, интимна природа, кои се ирелевантни за политичките процеси, а содржи и невистини и полувистини, што морало на некој начин да се верификуваат и да се протолкуваат пред да се објават. Тоа е должност на тој што ќе одлучи да ги објави. И тоа е апсолутно важно за кредибилноста на целиот процес на разоткривање на вистината за злоупотребите на оваа власт“.

Дел од разговорот, помеѓу Мијалков и Латас во кој разговараат за планот на Бранко Црвенковски да ја трампа општина Центар за Карпош, како и делот во кој што се споменува сообраќајната несреќа на новинарот Никола Младенов тој го квалификува како чиста манипулација. Според него тоа било грешка, и оваа грешка понатаму на СДСМ не смее да му се повтори бидејќи наводно во делот каде што се споменува Бранко Героски е личен и приватен, а не е од јавен интерес, односно не е делот во кој што Владата се обвинува за наводно местење на избори. Очигледно пропагандистот на опозицискиот СДСМ е многу погоден од потезите на поранешниот лидер на оваа партија, Бранко Црвенковски, па веднаш потрча да пласира свои искривени тези.

„Кој од нив двајцата повеќе лаже, не можам да кажам. Како што не можам да кажам дали воопшто има вистина во делот од разговорот во кој Мијалков зборува за неговите (нивните) наводни планови со Бранко Црвенковски за Стевчо Јакимовски и за Андреј Жерновски. Ако се водиме од анализата за кажаното за Младенови, треба и овој дел од разговорот да го прифатиме со сериозна доза на сомнеж. Како и многу други делови од ова долго, 36-минутно ’шапутање на јастуку’ меѓу двете другарчиња, пишува Героски.

Со брзина на светлината од СДСМ за „Фокус“ изјавиле дека „било грешка што нивните не го исекле разговорот“.

„Ние на прес-конференциите ги објавуваме најбитните делови од разговорите, а потоа на интернет ги ставаме цели за да не испадне дека сме ги монтирале. Но, конкретниот разговор имаше дел што треба да се објави, бидејќи се однесува на изборни нeрегуларности, но и дел што не беше во план да оди, како оној за Црвенковски, како и за приватни работи на други луѓе. Грешка е што нашите не го исекле“, изјави за Фокус сдмсовскиот портпарол Петре Шилегов.

Според аналитичарите, токму ова е и суштината на Зоран Заев, преку полувистини, сечени материјали извадени работи од контекст, чија релевантност ќе се утврдува низ институционална постапка, да создаде политичка криза и на тој начин да се отвори прилика да се дојде на власт. СДСМ самите си ја срушија веродостојноста на искреираните материјали кои ги објавува и потврдија дека нивната цел не е дознавање на вистината, туку преку креирани материјали да се наштети на политичкиот противник во борбата за политички поени и извртување на реалноста за создавање на погрешна перцепција во очите на јавноста.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.