Героски призна дека СДСМ лажела за посетата на Заев во Израел

По низата реакции и деманти, и медиумските перјаници на СДСМ признаваат дека опозициската партија лажела за посетата на нејзиниот лидер Зоран Заев во Израел, пишува Курир.

Во најновата колума, по која следување пресметка меѓу опозициските новинари, Бранко Героски кажува колку „професионално“, како што вели, новинарот на Телма Боби Христов известувал од Израел по за време на посетата на Заев.

-Што се однесува до ламентирањето на Боби Христов за потребата од професионално известување, можам да кажам само едно – видовме колку „професионално“ Боби известуваше од посетата на Зоран Заев на Израел, пишува Героски.

За овој скандал пишуваа и влијателните медиуми во Брисел. EU reporter и EU today во своите текстови наведуваа дека потегот на Заев го поткопа неговиот личен кредибилитет, како и дека неговот однесување не само што е штетно за билатералните односи со Израел туку и за меѓународниот углед на Македонија.

-Но, оваа срамна политичка ситуација сега му виси на глава на Зоран Заев, лидерот на опозицијата во Македонија. Овој скандал не само што го расипа неговиот кредибилитет туку се заканува дека ќе го стави на ризик меѓународниот углед на Македонија. Дебаклот се случува кога Зоран Заев го посети Израел на 13 октомври за да се сретне со заменик  претседателот на Владата и министер за внатрешни работи Силван Шалом. Заев за медиумите во Скопје изјави дека во Израел разговарале за унапредување на соработката помеѓу двете земји, земјоделство, енергија, менаџирање со вода и олеснување на телекомуникациската соработка. Исто така дека, разговарале за соработката која Македонија ја има веќе воспоставено во областа на одбраната и за образование на Армијата, пишуваат влијателните медиуми.

Бриселските медиуми во своите текстови пишуваа и дека понижувањето на сметка на Заев продолжило откако израелската Влада ја негирала неговата изјава и упатила прекор.

Дополнително Героски имаше и статус на социјалната мрежа Фејсбук со кој прашува кој ги плаќа трошоците на новинарите кои отидоа во Израел. Во јавноста веќе нема дилеми дека новинарите кои го придружуваа Заев во Израел, патуваа на сметка на СДСМ.

 

status500