Героски призна капитулација на политиките на опозицијата

Главниот стратег на опозицијата Бранко Героски, во неговата нова колумна признава дека СДСМ нема да формира силна Влада. Кога веќе тоа не е можно, за Геровски, сламката за спас е формирање на широка Влада во која СДСМ како-така би учествувала.

Од ситуација која ја билдаа опозициските медиуми- Заев сигурен премиер, се сведоа на ситуација- спасот за кој сонува опозицијата да е широка Влада.

Очигледна е капитулацијата на СДСМ и лидерот Зоран Заев.

Од друга страна пак, тоа е доказ дека СДСМ изгуби на чесни и демократски избори, какви што беа и претходните.

Героски сака да ја спасува кариерата на Заев преку обезбедување на ситуација на широка Влада, која многумина ја оценуваат како состојба- гладна кокошка просо сонува.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои најголем дел од гласовите на граѓаните и има легитимно право да формира Влада.