Македонија

Героски се дозакопа со насловите во своите медиуми

Героски се дозакопа со насловите во своите медиуми

Главниот уредник на „Слободен печат“ и раководител на проектот Плусинфо Бранко Героски дополнително се дозакопа со насловната страна и текстот кој беше објавен токму во овие два медиуми, „Новата влада итно да ги реши проблемите”,пишува Денешен.

Со ова, се потврди фактот кој упорно СДСМ и Бранко Героски како отворен нејзин поддржувач го негираат, а тоа е дека и самите признаваат дека Брисел го потврдува и уважува легитимитетот на новата влада. Брисел во само еден мал дел од соопштението, што не e и конечната слика за разговорите и’ упатува порака на новата влада за решавање на проблемите, што впрочем видовме дека е и намера од последното соопштение на владејачката партија.

Она што е исто така важно е тоа што „Слободен печат“ упорно го игнорира вториот дел од соопштението дадено од Кабинетот на Филе, веднаш по средбатра со Заев со кое Брисел ги повикува изрично Заев и Шекеринска да се вратат во Собрание, што е дебакл и шлаканица за агендата која ја поддржува главниот уредник на Плусинфо и Слободен печат..

Ова открива дека не само раководството на СДСМ, туку и нивните пулени и поддржувачи во пораката на Брисел видоа свој личен неуспех и шлаканица.

Колку и да сака да се искриви вистинската слика за работите, главниот уредник на овие опозициски медиуми кој поради крајно сомнителни причини е силен поддржувач на идејата за бојкот и деструктивност на СДСМ, не може да ја искриви перцепцијата на граѓаните чија волја беше неодамна изразена на избори, односно неговите политики на бојкот кон кој што го турка раководството на СДСМ се покажуваат за неуспешни.