сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 0

Героски се налепи на грчката запршка и си го покажа лицето

Не требаше многу време откако беше објавен текстот во британскиот весник „Гардијан“ каде во новинарски коментар се вели дека најверојатно Македонија е отворена за промена на името, па медиумите и порталите што важат за блиски до опозицијата веднаш да почнат да пишуваат дека наводно премиерот Груевски изјавил дека е подготвен за промена на името.

Branko-Geroski

Последни вести

Не требаше многу време откако беше објавен текстот во британскиот весник „Гардијан“ каде во новинарски коментар се вели дека најверојатно Македонија е отворена за промена на името, па медиумите и порталите што важат за блиски до опозицијата веднаш да почнат да пишуваат дека наводно премиерот Груевски изјавил дека е подготвен за промена на името.

Уредникот на весникот „Слободен печат“ и на порталот „Плус инфо“ веднаш се налепи на грчката запршка и уште еднаш си го покажа лицето. На порталот „Плус инфо“ се појави текст со наслов: „Груевски се пазари со името за да остане на власт“, во кој повикувајќи се на неименувани „добро упатени извори“ пишува дека премиерот Никола Груевски на претставници на меѓународниот фактор им понудил можност да се прифати компромисно решение за спорот за името и тоа решение да биде предложено и прифатено во Собранието на Република Македонија.

gruevski-plusinfo

Понатаму, во текстот се вели дека неизвесно е дали Груевски сериозно притиска да се организира референдум за името, зашто знае дека во таков случај, предлогот нема да помине, без оглед кој ќе го брани компромисното решение. Референдумот за него би можел да биде погубен. Токму затоа поверојатно е дека Груевски ќе инсистира да ја сподели политичката одговорност со другите лидери во Македонија.

За крај во текстот на Плус инфо се вели:

Груевски во интервју за британскиот весник „Гардијан“, објавено денеска, вели дека е подготвен за промена на името, но го условува крајното решение за деценискиот спор со плебисцитарно изјаснување на македонските граѓани.

Со ова Героски уште еднаш си го покажа вистинското лице, затоа што ако навистина го прочитал текстот објавен во британскиот весник ќе сфател дека станува збор за новинарски коментар, од каде всушност е извлечен и насловот, а не за изјава на премиерот. Исто така, скандалозно и несфатливо е како може новинар што долги години работи во оваа професија да не забележи дека не се работи за интервју, туку за текст во кој меѓу другото е опфатена и изјавата на премиерот, заедно со изјавите и на министрите за надворешни работи на Република Македонија и на Грција, Никола Попоски и Никос Коѕиас.

Груевски за текстот во Гардијан: Се работи за новинарски коментар, не за моја изјава

Инаку наводите во британскиот весник веднаш беа отфрлени од страна на премиерот Груевски кој најави дека за статијата ќе реагираат и до „Гардијан“.

Такво нешто не сум изјавил. И ние ќе реагираме и до Гардијан. Тоа се гледа и од самиот текст кај што е очигледно дека се работи за новинарски коментар, а не за моја изјава. Тоа е кристално јасно. Вакви провокации имало и ќе има и ние сме навикнати на тоа. Очигледно темата за името станува популарна периодов точно како што претпоставувавме и вакви тенденциозни и погрешни интерпретации од многумина кои не му сакаат добро на процесот и имаат потреба од лажен ексклузивитет или одработуваат нечија агенда се очекувани, вели премиерот.

Инаку, слично како „Плус инфо“ на истата запршка се залепија и останатите медиуми што важат за блиски до опозицијата.

Премиерот Никола Груевски изразил подготвеност за повторно отворање на дијалогот со Грција нагласувајќи дека било каква промена на името ќе биде ставена на рефередум, пишува денешен „Гардијан“. Според весникот, македонскиот премиер вели дека ќе биде отворен за промена на името на својата земја, зголемувајќи ги надежите за крај на еден од повеќето невообичаени дипломатски расправии во светот – 24-годишниот спор со Грција, пишува „Фокус“.

Слични наслови и текстови осамнаа и на другите портали, кои буквално новинарскиот коментар во британскиот весник го интерпретираа како изјава што македонскиот премиер ја дал во интервју, па така речиси кај сите нив осамнаа наслови од типот дека премиерот изјавил дека Македонија е подготвена за промена на името.

Најчитани вести