Героски, сопругата Билјана и Кабранов го поддржаа чадорот на невладини на СДСМ

Здружението Член 16, кое стои зад порталот „Плусинфо“ ја поддржува иницијативата и чадорот на невладини организации која се формира во организација на СДСМ.

-Управниот одбор на Здружението на граѓани Член 16 едногласно одлучи оваа невладина и непрофитна организација да пристапи кон коалицијата Граѓаните за Македонија, објави „Плусинфо“.

„Плусинфо“ е еден од порталите кои стојат зад опозиционата СДСМ. Зад порталот на Бранко Героски, кој ја поддржува опозицијата во суштина стои Здружението на граѓани за одбрана на слободата на говорот и на јавното изразување член 16, каде како основач се јавува и неговата сопруга Билјана Илиќ Героска, пишува порталот „Курир“.

И раководителот на порталот Либертас, Ацо Кабранов, е заеднички основач со Героски на Здружението на граѓани, кое во Марнет го регистрирало порталот Плусинфо. Основачи на Здружението се брачниот пар Героски, Бранислав и Билјана, Кабранов, заедно со уште седум други лица.

Од завршните сметки се гледа дека Здружението член 16 на Кабранов и Геровски не е обично здружение, туку тоа за изминатата фискална 2012 година само по основ на донации има добиено повеќе од половина милион денари односно поточно 594.225 илјади денари и остварено приход 4, 144.472 денари, што е позавидна сума за едно обично здружение на граѓани.

Во 2013 година „Плусинфо“ од СОРОС добил 47.702 евра.