Геровски го образложи на Фејсбук резултатот од 5:0

Уредникот на весникот „Слободен печат“ и жесток критичар на власта, Бранко Героски преку пост на својот Фејсбук профил и одговори на професорката Билја Ванковска за нејзиниот став дека Професорскиот пленум го “победил“ премиерот Никола Груевски со 3:0. Ваквата реакција на Ванковска следеше откако најпрво Героски оцени дека “со вакви професори, Груевски е брилијантен“.

Героски во новиот ФБ статус пишува дека проблемот е што некој не сака да ги увиди сопствените грешки, притоа објаснувајќи како дошло до резултат 5:0 за Груевски.

1:0 Професорскиот пленум прифати “јавна дебата” откако најголем дел од факултетите ја отфрлија “реформата” и откако ректорската управа одлучно побара да се одложат измените на Законот за високо образование.

2:0 Професорскиот пленум денеска се појави на “дебата” во “Александар палас”, па се предомисли. Ако професорите на мислеле да дебатираат “во хотел”, за што дошле таму, да зачистат по собите?

3:0 Со невидена леснотија Ванковска го прифати предлогот на премиерот “дебатата” да се пресели во Собранието. Добро што не му текна да ја префрли дебатата во спортската сала “Борис Трајковски”. А поблиску беше…

4:0 Професорскиот пленум се појави пред парламентот, но не влезе да дебатира, очигледно задоцнето освестен дека така ќе ги урне своите позиции и тотално ќе ги искомпромитира студентските протести. Ако луѓето не сакале да дебатираат, за што дошле пред парламентот? Да се сликаат за телевизија? Смешно…

5:0 Со своето денешно (и не само денешно) неснаоѓање и лутање, како и со учеството на ректорот во “дебатата” (во фаза кога тоа е спротивно на собраниската процедура!), се плашам дека Ванковска, Силјановска и другите го легитимираа донесувањето на измените на ЗВО.

Героски во својот став нагласува дека им се извинува на оние професори кои се во Профеорскиот пленум, но не ги оправдуваат тактиките на Ванковска и на Силјановска, но како што потенцира “лидерството и дава тон на целата организација“.