Македонија

Геровски и Кабранов ги оправдаа парите земени од Сорос – извртеа изјава на Волерс

Геровски и Кабранов ги оправдаа парите земени од Сорос – извртеа изјава на Волерс

Опозициските портали на површен манипулативен начин се обидоа изјавата на американскиот амбасадор во земјава Пол Волерс дадена вчера, да ја искористат во фунција на интересите на опозицијата.

Имено, Волерс во своето обраќање на научната конференција посветена на 100 годишнината на Првата Светска Војна, организирана од страна на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, даде изјава која се однесуваше на Демократската унија за интеграција (ДУИ), а опозициските медиуми пренесувајќи само дел од изјавата на американскиот амбасадор се обидоа истата да ја извртат во нивна фунција.

– За жал во многу земји, и со жалење морам да кажам дека и во оваа земја, гледам водачи кои политиката ја гледаат како краткорочна игра за богатење на самите себе и на сопствената партија, што предизвикува конфликт во земјата, наместо да работат за да ги решат конфликтите. Мислам дека ова е рецепт за уривање на државата – рекол Волерс во изјавата која ја пренесоа опозициските портали.

Курир ја пренесува целосната изјава на амбасадорот Волерс во која вели дека “често гледа лидери кои бараат краткорочни политички интереси за себе и за нивните политички партии искористувајќи ги конфликтите наместо да работат на нивно смирување“, алудирајќи на политиката на ДУИ.

– За жал во многу држави, се плашам да кажам исто така и овде, премногу често гледам лидери кои бараат краткорочни политички интереси за себе и за нивните политички партии искористувајќи ги конфликтите наместо да работат на нивно смирување. Искрено, тоа е рецептот за неуспех на една земја. Се надевам дека конференции како оваа ќе покажат дека има подобар начин кој води кон мирна иднина на земјите како што е Македонија преку посветеност на сите страни за иднината на Македонија како мултиетничка демократија во која сите ќе се почитуваат и заедно ќе работат за посилна Македонија. Сакам да ве поздравам и да им се заблагодарам на организаторите за тоа што денеска овозможија историјата да ни е достапна на сите нас и преку искуствата и конфликтите од минатото да учиме за да обезбедиме подобра иднина, вели Волерс во изјавата која се однесуваше на ДУИ на конференцијата организирана од страна на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.

Порталите со кои раководат Бранко Героски, Ацо Кабранов и други новинари кои отворено ја бранат политиката на опозицијата, се посрамотија во обидот на површен и манипулативен начин изјавата на амбасадорот Волерс да ја извртат во нивна корист, иако е сосема јасно дека обраќањето на Волерс на конференцијата организирана од страна на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците се однесува на владејачката албанска партија во земјава.