Гетце ја продава златната мундијалска копачка

Марио Гетце направи неверојатно хуман гест откако потврди дека на аукција ќе ја продаде копачката со која го постигна сега веќе историскиот погодок за Германија на последното Светско првенство во Бразил. Фудбалерот на Баерн Минхен го постигна решавачкиот погодок во финалето против Аргентина, а парите кои ќе бидат заработени од аукцијата ќе ги донира во хуманитарната организација „Срце за децата“.

– Копачката не е исчистена, се уште е во истата состојба како кога го напуштив стадионот во Рио. Се уште има трева на неа, не сум играл натпревари со оваа копачка, ја чувам на сигурно во мојот дом, – изјавил Гетце за „Билд“.
Германскиот фудбалер потврди дека аукцијата ќе трае седум дена и оној кој ќе понуди најмногу, ќе ја добие историската копачка, но и ќе биде дел од големата донација за организацијата која им помага на децата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.