Гетлин во топ форма , Болт треба да биде загрижен

Американскиот спринтер Џастин Гетлин го истрча и второто најдобро време во оваа сезона, откако во Рим во рамките на “Дијамантската лига”, најкратката делница ја мина за 9,75 секунди. Ова инаку е рекорд на митингот во Рим, откако Американецот го мина Болт и неговите 9,76 секунди од 2012 година.

Гетлин само потврди дека во моментов е сериозна конкуренција на светскиот рекордер Јусеин Болт. Во Доха (Катар) на 15 мај годинава, Американецот истрча за една стотинка подобро време, 9,74 и најави дека до атлетскиот Мундијал во Пекинг ќе може да истрча околу 9,6 секунди, па дури и да го нападне светскиот рекорд на Болт. Јамајканецот го има најдоброто време во моментов на светот, со 9,58.

“Се чувствувам самоуверено додека трчам во време 9,7 секунди. До Пекинг се надевам дека 9,6 би било можно”
, вели Гетлин.

Само четворица атлетичари успеале да истрчаат побрзо од Американецот и неговите 9,74 сезонава во катарската престолнина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.