Гевгеличанец пронајден мртов

Гевгеличанец бил пронајден мртов, вчера во атар на селото Хума, информираше МВР.

Според полицијата,  М.Д. (65) од Гевгелија пријавила дека вчера околу 13.30 часот, додека пешачела со нејзината пријателка до чешмата викана „Долна Чешма“,  забележале починато лице. а местото на настанот излегла увидна екипа од Полициска станица Гевгелија и било утврдено дека починатиот бил С.П.(67) од Гевгелија. Од страна на лекар од Итната медицинска помош од Гевгелија била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.