Гевгеличани го нападнале обезбедувањето во дискотека

Двајца гевгеличани го нападнале обезбедувањето во дискотека поради тоа што не бил дозволен влез на малолетно женско лице.

Двајца гевгеличани го нападнале обезбедувањето во дискотека
Двајца гевгеличани го нападнале обезбедувањето во дискотека

Кривична пријава заработија гевгеличаните Т.К.(27) и Д.А.(22) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Пријавените, на 8-ми август годинава околу 02,00 часот, на влез од дискотека во Гевгелија од страна побарале од страна на вработените во Агенцијата за обезбедување „Армор Секјурити“ малолетно женско лице да оствари влез во дискотеката.

Откако на малолетничката не и бил дозволен влез, пријавените почнале да ги туркаат и да ги влечат вработените од Агенцијата.