Гевгеличани собираат потписи за референдум против населувањето мигранти во општната

Наместо трошење пари за нови училишта, градинки, паркови и игралишта ќе се трошат пари за станови и куќи за мигрантите, велат организаторите на иницијативата за собирање потписи.

Обединети под граѓанската иницијатива „Будење Гевгелија“ се спротиставува на идејата за населување на мигранти во нашата општина. Согласно член 3 став 3 од законот за референдум и други облици за непосредно изјаснување на граѓаните покренуваме граѓанска иницијатива за распишување на референдум на локално ниво против населување на бегалци и мигранти, изјавија од граѓанската иницијатива.

„Да ја спречиме иницијативата на Владата на СДСМ за населување на мигранти бидејќи по нивно доселување нема да биде ништо исто, доселувањето значи намалување на платите и евтина работна сила, губење на работни места и нови отпуштања. Наместо трошење пари за нови училишта, градинки, паркови и игралишта ќе се трошат пари за станови и куќи за мигрантите , помалку пари за пензии и социјална помош, со тоа ќе се зголеми и криминалот и небезбедни градови“, велат од иницијативата.

Тие бараат од советот на општината Гевгелија да распише референдум по однос на ова прашање и тие ќе собираат потписи против населување на мигранти, а досега одѕивот е голем.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.