Гевгеличанец одгледувал марихуана на брегот на Вардар

Четириесет и петгодишниот Т.К. од Гевгелија доби кривична пријава бидејќи одгледувал и продавал марихуана.

Во текот на јуни годинава при преглед на теренот во близина на реката Вардар бил пронајден насад со 24 растенија марихуана, а на 15 – ти овој месец е забележан пријавениот како влегува и работи во насадот.