Гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Шеесет и три годишниот Димитар Т. од гевгелиското село Негорци загинал вчера во сообраќајна несреќа.

Несреќата се случила на регионалниот пат с.Негорици- с.Прдејци околу 18 часот кога товарно возило со приколка управувано од гевгеличанецот М.Е. (48) се судрило со заплежната кола со магаре на Димитар.

Од ударот Димитар починал на лице место. Полицијата извршила увид на местото на несреќата.