Гевгеличани криумчареле мигранти од Сирија

Триесет и петгодишниот Ѓ.К. и дваесет и седугодишниот М.Ш. од Гевгелија добија кривична пријава поради криумчарење мигранти.

Тие на 14. овој месец организирале преноќиште и превоз за четворица сириски државјани, при што ги сместиле во куќа во Гевгелија, по што од страна на полицијата мигрантите се пронајдени.

На пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по осум дена.