Гевгеличани се обиделе да прокриумчарат десет сиријски бегалци

Притвор за двајца гевгеличани кои шверцале мигранти  и од Сирија за 4.000 евра.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава против 28-годишниот А.Ш. и пет години постариот Р.Б., двајцата од Гевгелија бидејќи пред три дена сториле кривично дело – “криумчарење на мигранти“.

Според информациите од полицијата на  30 минатиот месец околу 03.30 часот  во три автомобили, „БМВ“ со гевгелиски регистарски таблички управувано од А.Ш., „пасат фолксваген“ со велешки регистарски таблички управувано од Р.Б. и „опел омега“ исто така со гевгелиски регистарски таблички управувано од трето лице во скопската населба Автокоманда  биле пронајдени 10 лица илегални мигранти од Сирија. Мигрантите се криеле во „пасат“-от и „опел“-от.

Од извршениот разговор со приведените лица А.Ш. и Р.Б. утврдено е дека претходниот ден, страна на друго лице телефонски било побарано од Р.Б. услуга, односно тој со возило да оди за Скопје да однесе некои лица кои биле со валидни патни исправи и дека за таа работа ќе му бидат исплатени пари за бензин.

По разговорот Р.Б. веднаш се упатил на местото каде биле договорени односно кај училиштетот во село Богородица каде што тој земал 2.000 денари и 20 евра. Лицата мигранти ги качиле во село Богородица во двете посочени возила, а возилото „БМВ“ било претходница  и истите се упатиле по автопатот Гевгелија – Скопје. А.Ш. од двете возила во кои биле мигрантите земал 4.000 евра.

Патувајќи кон Скопје требало да застанат во село Катланово.

Откако пристигнале во Скопје поточно во населба Автокоманда, А.Ш. и Р.Б. биле сопрени и приведени, додека третото лице кое управувало со “опел омега“ успеало да побегне во непознат правец оставајќи го возилото со лицата мигранти.

Лицата илегални мигранти по обавениот разговор сместени се во Прифатен центар за странци заради нивно обезбедување во кривичната постапка.  Двајцата се приведени и изведени  пред судија за претходна постапка  и од негова страна изречена им е мерка притвор во времетраење од осум дена.