Гевгеличанка почина по пожар во нејзината куќа

Пожар избувнал вчера попладнето во куќата на 84-годишната Донка К. во Гевгелија.

Како што соопштуваат од полицијата Донка се задушила од чадот и починала.

Пожарот е изгаснат, а причината за настанување на истиот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени.