Македонија

Гевгелија: Илија Георгиев по четврти пат го фати светиот крст

Гевгелија: Илија Георгиев по четврти пат го фати светиот крст

Илија Георгиев од гевгелиското село Мрзенци беше најсреќниот верник во Гевгелија. Утрово десетина млади момчиња скокнаа по Светиот крст во водите на реката Вардар на денешниот богојавленски собор во Гевгелија, на кој приуствуваа неколку илјади граѓани.

Дваесет и четиригодишниот Илија Георгиев вели дека ова му е четврти пат да го фати Светиот крст во досегашните пет негови обиди.

Радосен сум што меѓу десетината учесници токму мене ми се посреќи повторно да го фатам Светиот крст. Мојата голема радост и верба во Бога со Светиот крст ќе ја пренесам во сите христијански домови во општина Гевгелија, рече возбудениот Георгиев.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов му ја честиташе радоста на Илија Георгиев на кого му подари телевизор.