Гевгелиските таксисти и денес ќе го блокираат преминот „Богородица“

Такси возилата и приватните автобуски превозници и денеска два часа ќе го блокираат граничниот премин Богородица.

Граничниот премин Богородица, како што велат од Здружението на такси возачите, ќе биде деблокиран точно напладне во 12 часот.

Не се откажуваме од нашите протести и ќе продолжиме секој ден по два часа да го блокираме граничниот премин Богородица во двете насоки се додека не добиеме одговор од надлежните институции дали ќе бидеме вклучени во транспортот на мигрантите од ПТЦ Гевгелија кон Табановце рамноправно со МЖ како што е нагласено во барањето, рече претседателот на Здружението на такси возачите на Општина Гевгелија Миле Ангелов.