Ги оставиле децата со пријател, тој ги злоставувал

Во полициската станица Делчево, вчера 37-годишна жена пријавила дека на 16 март, околу 20.30 часот, додека со нејзиниот сопруг не биле дома, а нивните две малолетни деца на возраст од 12 и 14 години останале дома со нивниот дедо, дошол нивен семеен пријател.

Кога се вратиле дома околу 22.30 часот, синот им кажал дека, по кажување на сестра му,  во дневната соба семејниот приател ја допирал по телото и и кажал да не кажува никому.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево. Лицето е повикано и задржано во Полициската станица Делчево.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава и во текот на денот ќе биде изнесен пред судот во Кочани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.