Ги правите ли и вие? Шест грешки кои жените ги прават при секс

И мажите и жените често грешат во сексуалните врски, а на многумина добро би им дошла добра лекција за тоа што не треба да прават в кревет. Составивме листа го најголеми грешки кои ги прават жените со совети како и што е потребно за здрав, возбудлив и исполнет сексуален живот.

Грешка 1: Очекувате тој да размислува како жена

Ова е причина за многу фрустации, а жените не ги разбираат мажите. Очекувањето дека тој ќе размислува на ист начин е бескорисно и губење време, но и голема причина за недоразбирања и тензија.

Совет: Машкиот и женскиот мозок различно функционираат. Затоа комуникацијата меѓу партнерите е многу важна. Ако мислите дека мажите исто го сфаќаат сексот и дека имаат исти сексуални чувства и желби како жените тоа може дополнително да го влоши сексуалното искуство.

Грешка 2: Не очекувајте од партнерот да чита мисли

Ниту партнерот, а ниту некој друг на светот не може да ви ги чита мислите. Ни вие не можете неговите. Научете со зборови да ги изразите своите сексуални потреби и желби. На многу жени им е тешко и не се чувствуваат пријатно. Тоа е, сепак, единствен начин да го добиете тоа што го сакате.

Совет: Надминете го срамот. Иако е ова последица од конзервативното воспитување во нашата средина, сексуалната револуција е завршена и можете за се’ отворено да разговарате со партнерот. Сексот не е само само во функција на процесот за размножување.

Грешка 3: Недостаток на инцијатива

На многу мажи многу им е привлечно и секси кога жената ќе преземе инцијатива во креветот, но и надвор од него. Побарајте го на работа и кажете му дека сте испланирале романтична вечера. Со возбудување ќе се врати дома. Изненадете го така што ќе го дочекате во секси долна облека.

Совет: Имате многу можности, прилагодете ги на својот темперамент. Не морате секогаш да бидете вулгарни, ако тоа не е дел до вашата личност. Понекогаш е доволен и поглед полн со копнеж.

Грешка 4: Недостаток на спонтаност

Сексот не мора секогаш да биде најавено случување. Мажите сакаат кога жените се спонтани. Никогаш не се знае што ги чека на крајот, а изнедувања, всушност, сите сакаат.

Совет: Кога ќе го паркира автомобилот, зграбете го и почнете да се бакнувате штом дојдете во станот, прегрнете го наутро и кажете му дека саката убаво да му почне денот.

Грешка 5: Водење љубов само во спалната соба

Не само што ќе ви досади, туку е и ограничено. Користете ги и кујнската работна маса, троседот, автомобилот, тушот, кадата.

Совет: Монотонијата го убива сексуалниот живот. Немојте да бегате од се’ што може да го освежи.

Грешка 6: Сексуална контрола

Сексот не е оружје за да го добиете она што го сакате. Тој треба да ги зближи луѓето и да им пружа задоволство. Одбивањето секс затоа што сте лути – не е добро (ова не значи дека треба да се согласите кога не сте расположени или кога едноставно не сакате).

Совет: Ако сами свесно донесете одлука да се воздржувате од секс за да му „вратите“ или да го научите лекција бидејќи сте се скарале – внимавајте! Сексот не е орудие за манипулации.