Македонија,Крими хроника

Ги сокрил службените пари, па ја лажел полицијата дека му се украдени

Ги сокрил службените пари, па ја лажел полицијата дека му се украдени

Делчевец ја излажал полицијата дека разбојници го нападнале и му ги крале пари кои требало да му ги даде на сопственикот на фирмата за која работи, платежните картички и ајфон.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека против 28-годишниот Д.С. од Делчево е поднесена кривична пријава бидејќи ја излажал полицијата дека пред три дена на излез од село Волково  непознати маскирани разбојници со закана со пиштол му одзеле одзеле 3.200 евра, две плаежни картички и ајфон.

Откако полицијата извршила увид и разговарала со Д.С. тие се посомневале во неговата изјава, бидејќи сфатиле дека  неговата изјава не содејствува со фактичката состојба.

Во вториот разговор Д.С. признал дека лажел и дека го пријавил со цел да си ги задржи службените пари за себе.

Креативниот делчевец го изрежирал целото разбојништво,  парите ги сокрил во механичарскиот алат во товарно моторно возило, а двете платежни картички и ајфонот ги фрлил во непосредна близина на местото, каде лажно го пријавил разбојништвото.

По разговорот, заедно со Д.С. е излезено на местото на настанот, каде тој ги посочи местата каде ги фрлил платежните картички и ајфонот, како и кутијата со механичарски алат, каде го сокрил пликото со 3.200 евра.

 

Пронајдените пари и предмети се фотографирани и подигнати и со потврда за вратени предмети се предадени на соственикот на фирмата за која работел пријавениот.