Гигс незадоволен од минутажата во англиската Премиер лига

Иако има 40 години и има освоено се што може да се освои на фудбалската сцена, легендарниот велшки интернационалец Рајан Гигс потврди дека сака да има далеку поголема минутажа во англиската Премиер лига и во Лигата на шампиони.

„Се надевам дека ќе имам поголема минутажа во финишот од актуелната сезона. Мислам дека не играм доволно, сакам почесто да сум на зелениот терен, се надевам дека ќе добијам таква шанса во следните неколку месеци. Тимот кој му се спротистави на Олимпијакос беше комбинација од искуство и сила. Покажавме што можеме да направиме на само еден натпревар, покажавме колку сме моќни. Манчестер мора така да игра на сите преостанати натпревари од актуелната сезона, мора да ја подобриме позицијата на табелата”, изјави Гигс.