Гигс привремено решение, Клоп (не)сака да биде менаџер на Јунајтед

Само неколку часа откако и официјално ја прекинаа соработаката со најголемиот виновник за очајните резултати во актуелната сезона, Дејвид Мојес, раководните лица на Манчестер Јунајтед потврдија дека првиот тим во последните четри натпревари од актуелната сезона ќе биде предводен од најтрофејниот фудбалер на “Олд Трафорд”, велшкиот интернационалец, Рајан Гигс.

Најголемиот фаворит за менаџерската позиција, актуелниот тренер на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Јирген Клоп, јавно призна дека не е заинтересиран за преселба на “Олд Трафорд”.

„Манчестер Јунајтед е голем, фантастичен клуб и многу ми се допаѓаат најверните фанови на тој клуб. Сепак, јас имам една специјална врска со Борсуија од Дортмунд, со раководните лица, со фудбалерите, со најверните фанови. Нема шанси да ја прекинам таа врска”, изјави Клоп.

Доколку не успеат во намерата да ги осигураат услугите на германскиот стручњак, челниците на Манчестер Јунајтед своето внимани ќе го насочат кон актуелниот селектор на Холандија, Луи ван Гал, кој веќе потврди дека ќе се врати во тренерските води по завршувањето на Мундијалот во Бразил.