Гигс сака да биде менаџер и на друг клуб

В.Д менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, откри дека е можно во новата клупска сезона да биде менаџер на некој друг клуб.

“За мене постоеше еден клуб, тоа е Манчестер Јунајтед. Тоа е јасно како ден. Кај мене парите не играа некоја голема улога. Јас ја имав таа среќа да бидем дел од овој голем клуб, да бидам дел од неговата фудбалска историја. Сепак, јас сум малд кога е во прашање менаџерската функција. Имам чуство дека можам да бидам менаџер во следните 20-25 години. Можно е тие да не ги поминам како менаџер на Јунајтед. Нормално дека ќе се чуствувам многу чудно ако работам за некој друг клуб, но можам да се замислам и во таа позиција. Јас секогаш ќе имам специјален однос со овој клуб”, изјави легендарниот репрезентативец на Велс.