Гинекологија доби нова лабораторија за ин витро

Лабораторија за ин витро фертилизација замрзнување на полови клетки и ембриони денес беше промовирана во Јавната здравствена установа „Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство“ – Скопје.

Оваа лабораторија е исполнување на уште едно ветување на владата, а истата е набавена преку министерството за образование и наука.

Инвестицијата во оваа лабораторија изнесува околу 15 милиони денари, а како што посочи премиерот Никола Груевски, таа веќе се користи и дава добри резултати.

sllabo

Се радувам што она што го замислувавме и го ветувавме на изборите, сега е ставено во употреба и се користи. Веќе го користат стотици граѓани, некои со успех, некои понатаму очекуваат успех, истакна Груевски.

laboratorijasl1

Во посета на оваа лабораторија заедно со премиерот денес беа министерот за здравство Никола Тодоров и заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

sl2foto

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.