Гинеколозите бегаат од Шутка како од ѓавол

Жените во Шуто Оризари, од 2007 година немаат гинеколошка амбуланта, а како времено решение, од почетокот на месецов, во Здравствена станица- Шуто Оризари им е обезбеден гинеколог еднаш неделно.

Ова ни од далеку не ги задоволува потребите на жените во оваа скопска општина, која брои повеќе од 40.000 жители. Згора на тоа, структурата на населението во овој дел од градот во најголем дел е социјална категорија, така што посетата на гинеколог на друго место, претставува допонителен финансиски товар, а за плаќање приватни гинеколошки  прегледи, воопшто не станува ни збор.

Сепак, од невладиниот сектор, имаат позитивен став дека работата може да се придвижи. Фатима Османовска Кундевска од НВО „Ромски ресурсен центар“, проблемот со  непостоење на гинеколошка ординација во Шуто Оризари, го гледа и во недостигот на гинеколози.

„Потребата од гинеколог во Шуто Оризари е голема, бидејќи тука има над 8.000 жени кои се во репродуктивен период. Но, тоа што нема гинеколог, не значи дека тие жени не одат на прегледи, само што тоа им е дополителен трошок бидејќи треба да патуваат на друго место. Имаше обид пред две години да се отвори гинеколошка ординација,  но, брзо се затвори“, вели Кундевска, поздравувајќи ја иницијативата на Министерството за здравство, како добра за почеток.

Иако, од оваа општина доаѓаат повеќе влијателни и јавни личности од политиката, сепак, нивните сограѓани не можат да се пофалат со голем бенефит од тоа, а и отвореното прашање со гинеколошката ординација, со години тапка во место.

Според Кундевска, политичарите од оваа општна можеби немаат директна вина, бидејќи сепак во прв ред е волјата на гинеколозите кои  не покажуваат никаков интерес да работат во оваа средина, но, сепак,ели таа,  вкако личности кои имаат некакво влијание, тие можат барем да извршат некаков притисок.

Од Министертсвото за здравство посочуваат дека главниот проблем што досега нема гинеколошка ординација во Шуто Оризари е отсуството на интерес кај гинеколозите. Директорката на здравствен дом-Скопје, Татјана Баевска Вучковиќ вели дека на огласите за гинеколог во Шуто Оризари што ги распишува министертвото, нема воопшто интерес за концесија. Таа најави дека наскоро министертсвото ќе објави нов оглас.

„Пред две години се отвори гинеколошка ординација  но по една година гинекологот се откажа, поради семејни причини. Како времено решение, потпишан е договор со гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ воЧаир,  и еднаш неделно во среда, од 9 до 14 часот доаѓа гинеколог. Просторот и опремата се наши “, вели Вучковиќ.

Веќе неколку недели, потребата од матичен гинеколог во општината, жените Ромки ја изразуваат со потпишување петиција, со цел да ги алармираат надлежните од од можните здравствени ризици поради недостапноста на гинеколошки прегледи, како спонтани абортуси, ненавремено дијагностицирање на сериозни болести, раѓање на деца со деформитети и слично. Досега на петицијата се потпишале повеќе од 2.000 жени.

Ромите се имуни, Господ ги чува

Советничката во Градското собрание, Есма Реџепова, смета дека на Ромите во оваа општина им требаат уште многу основни работи, кои ќе им ги подобрат условите на живот.

esma-redzepova (1)

„Политичарите кои се избрани од народот, треба да прават работи за него,  а не само за себе. Можеби, тие не се најодговорни за тоа што нема гинеколог во Шуто Оризари, но, имаат влијание да ги сменат работите. Треба многу да се работи. На жителите на Шуто Оризари им треба и вода и канализација. Јас, како советник во Градот,  немам многу надлежност за остварување на проекти во оваа општина.  За тоа треба да се заземе градоначалнкот, а, има и ромски политичари во Парламентот и Владата на Македонија. Во ова општина не живеaт 5.000 луѓе, туку повеќе од 40.000. Овие граѓани не се богати, а имаа дополнителен трошок,  да одат на гинеолог во други населби. Но, народот во Шуто Оризари е имун, Господ ги чува. Има само една амбуланта изградена во 1963 година. За овој народ треба многу повеќе да се направи“, вели Реџепова.