Гинеколозите по разговорите со ФЗОМ ќе решат дали да штрјкуваат

Матични гинеколози кои деновиве излегоа со барања за зголемување на капитацијата од 50 на 60 денари и разграничување на пациентките по возраст, в четврток треба да се состанат со директорите на Фондот за здравство. Заради најавената работна средба, иако претходно најавија дека нема да прегледуваат и лекуваат пациентки, туку само ќе пишуваат упати и ќе даваат боледувања, сепак, ќе продолжат да работат вообичаено.

Од Здружението на матични гинеколози, како причина за незадоволството, посочија дека додека на другите лекари од примарното здравство, капитацијата им била покачена, матичните гинеколози останале без покачување. Тие бараат и Фондот да направи разграничување на пациентките по возраст и воведување коефициенти за плаќање на капитацијата по возраст на пациентките, како што е кај другите матични лекари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.