Гиовска: Поскапувањето на електрична енергија нов голем удар за граѓаните

СДС на секаков начин се обидува да го исцица и последниот денар на граѓаните. Последната информација која ги вознемири граѓаните е дека со најавената либерализација на пазарот на електрична енергија, истата ќе поскапи. Тоа ќе биде нов голем удар по буџетот на граѓаните. Удар од кој ќе имаат корист само лоби групите блиски на СДС кои поседуваат енергетски компании кои се занимаваат со трговија на електична енергија, истакна Елизабета Гиовска од ВМРО-ДПМНЕ на денешената прес-конференција.

Граѓаните се изманипулирани од СДС. Како и секогаш СДС едно ветува пред избори, а го прави спротивното кога е на власт. Намалувањето на цената на електричната енергија беше нешто што СДС цело време го повторуваа и ветуваа помеѓу народот. Сега граѓаните молат цената електрична енергија да остане иста.

Според информациите, за новиот закон за енергетика кој е меѓу приоритетните на оваа влада, се предвидува целосна либерализација на пазарот на електрична енергија, со што регулаторната комисија за енергетика ќе нема моќ да ја регулира цената. Тоа ќе направи цената да ја регулираат поголемите копании кои се заминаваат со трговија на електрична енергија во земјава.

Народот е загрижен дека се повторува сценариото за продажбата на ЕСМ кое беше најавено како бонбона бизнис, а се што им донесе беа поскапи сметки за електрична енергија. Горчливиот вкус на бонбона бизнисот граѓаните го чувствуваат со години.

Брзајќи што поскоро да дојдат до поголем профит, бизнис лобито на СДС, не размислуваат за граѓаните кои осиромашуваат. СДС не води грижа за тоа како граѓаните ќе врзуваат крај со крај и како ќе ги плаќаат идните поскапи сметки за електрична енергија.

СДС мора да се откаже од какво било поскапување на цената на електричната енергија. СДС на 15-ти октомври ќе биде казнет за несовесно и неодговорно работење.