Гирона го совлада Реал Мадрид и ја поттурна Барса

Фудбалерите на Реал Мадрид доживеаја шокантен пораз на гостувањето кај Горна (1:2) во мечот од 10-то коло од шпанското фудбалско првенство и сега заостануваат дури осум бодови зад лидерот Барселона.

Горна оваа сезона првпат во историјата влезе во Пример и ова беше првото гостување на Реал кај овој мал клуб од градот 100 километри оддалечен од каталонската престолнина Барселона.

Уште пред натпреварот се знаеше дека тој нема да остане само во сферата на спортското натпреварување, имајќи ги предвид актуелниот состојби во Шпанија откако Каталонија прогласи независност. Во градот Гирона, каде што живее и каде што своевремено беше и градоначалник, сега отстранетиот каталонски рпетседател Карлес Пучдемон во неделата новиот фудбалски прволигаш го дочека во првенствен натпревар шпанскиот првак Реал Мадрид, симболот на монархијата. Во саботата, овој град со 98.000 жители, го славише Свети Нарсис, заштитникот на Гирона. Ова беше првото гостување на Реал во Каталонија откако тамошниот парламент прогласи независност.

Домашните до историската победа дојдоа со пресвртот, бидејќи денеска многу лошиот и непрепознатлив Реал поведе во 12 минута со голот на Иско и тоа водство траеше сѐ до 54 минута кога Кристијан Стуани од соло продор изедначи. Реал доживеа нов шок кога Кристајан Порту со петицата ја погоди мрежата на „кралскиот клуб“. Играчите на Гирона до крајот на мечот фанатично се бранеа и ја одбранија победата, којашто е сосема заслужена и поради тоа што домашните во првото полувреме двапати ја погодија стативата.

Гирона со овие три бода се приклучи кон поспокојниот дел од табелата, на 11-то место е со 12 бодови.

Во попладневниот дуел Хетафе како домаќин го совлада Реал Сосиедад, исто така, со 2:1, и исто така со пресврт. Баските поведоа преку Микел Ојарзабал веќе во 2 минута, а клубот од мадридското предградие до победата дојде со головите на Анхел во 78 и Хорхе Молина во 85 минута од пенал.

Хетафе е 10-ти со 12 бодови, додека Реал Сосиедад остана на 9-та позиција со 14 бодови.

На табелата води Барселона со 28 бодови, пред Валенсија која има 24 и Реал Мадрид со 20 бодови. Саботниот кикс на Атлетико Мадрид кој одигра само 1:1 со Виљареал на домашен терен, го остави на петтото место, исто така, со 20 бодови.