Жиру и Озил му ги донесоа првите бодови на Арсенал во ЛШ

Арсенал со победа против најголемиот конкурент во групата, Баерн Минхен тргна во потера на пласман во следната рунда од ЛШ

Најголемо внимание привлече дуелот во Лондон, каде се сретнаа Арсенал и Баерн Минхен.

“Топчиите” во натпреварот влегоа максимално мотивирано, особено што по првите две кола имаат два порази, па ова им беше клучен натпревар во задржувањето на шансите за пласман во втората рунда од елитното натпреварување.

Натпреварот изобилуваше со шанси на двете страни, а голманите Мануел Ноер и Петр Чех беа во главна улога, собирајќи ги сите аплаузи на “Емирати”.

Ноер со несвојствен кикс за него директно "кумуваше" на водството на Арсенал
Ноер со несвојствен кикс за него директно “кумуваше” на водството на Арсенал

Сепак, токму најдобриот играч на Баерн Минхен, Ноер во 77-та минута направи несвојствен кикс за него, откако при една нафрлена топка излета во празно, а Оливие Жиру со многу среќа успеа да ја смести топката во небранетата мрежа.

Конечните 2:0 ги постави Месут Озил во 94-та минута, откако Хектор Белерин скрати една топка на половината на Баерн и со одличен центаршут успеа да го пронајде германскиот репрезентативец кој погоди за победа и први три бода во Лигата на шампионите за Арсенал.


Arsenal vs Bayern Munich 2-0 All Goals… by tony-hoksa

Лига шампиони, резултати 3-то коло:

Група Е: Бате Борисов – Барселона 0:2, Баер Леверкузен – Рома 4:4

Група Ф: Арсенал – Баерн Минхен 2:0, Динамо Загреб – Олимпијакос 0:1

Група Г: Динамо Киев – Челси 0:0, Порто – Макаби ТА 2:0

Група Х: Валенсија – Гент 2:1, Зенит – Лион 3:1

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.