Ѓаволите подготвија пекол за Ливерпул, Астон Вила го сопна Челзи

Фудбалерите и најверните фанови на Челзи само по лошо ќе го паметат, новото, 30. коло од англиската Премиер лига.

Иако најавија сигурен триумф на гостувањето во Бирмингем, избраниците на Жозе Мурињо одиграа под очекуваното ниво во поголемиот дел од натпреварот, и на крајот, сосема заслужено се поразени со 1:0 од одличниот тим на Астон Вила.

Гостинскиот тим натпреварот го заврши со 9 фудбалери, прво црвен картон заработи Вилијан, а потоа и Рамиреш, а во самиот финиш од натпреварот, исклучивање заработи и контроверзниот менаџер на Челзи, Жозе Мурињо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.