Ѓаволски дрес за Вилијам Карваљо

Иако пред неколку дена заврши зимскиот преоден рок, раководните лица на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед веќе почнаа со составување на списокот со фудбалери кои би требало да се преселат на ‘Олд Трафорд” за време на летниот преоден рок.

Меѓу првите три на списокот е и одличниот играч за врска од редовите на португалскиот прволигаш Спортинг од Лисабон, Вилијам Карваљо.

Скаутите на Манчестер Јунајтед веќе го информирале наследникот на сер Алекс Фергусон, Дејвид Мојес дека станува збор за одличне фудбалер кој без никакви проблеми може да се вклопи во новиот систем на игра и може да биде одлична замена за Том Клеверли кој сезонава игра во очајна форма.

Англсиките медиуми се убедени дека најавениот трансфер на “Олд Трафорд” може да се реализира само доколку понудата на Манчестер Јунајтед за одличниот играч за врска не биде помала од 15 мил. фунти.