Ѓенова e поплавена, едно лице настрада

Во поплавите кои синоќа ја погодија Ѓенова, кога по силното невреме се излеаја три реки, едно лице загина. Денеска улиците на градот се поплавени и градот е блокиран, пренесуваат италијанските медиуми.

Низ поплавените улици денеска имало многу отпад, а делови од градот со 600 илјади жители останаа без струја, властите одредија школите и продавниците да останат затворени, пренесува Анса.

Надлежните служби најавија дека претпладне се очекува нов бран на поплави, силен дожд повторно врне. Цивилните власти ги повикаа жителите да не излегува од дома, освен ако не е нужно.

Полицијата и спасувачите трагаат за евентуални жртви кои можеби останале во автомобилите во поплавените делови на градот.

Цела ноќ полицијата спречувала евентуални кражби на улиците, имајќи предвид дека целиот град бил без струја  и е во вонредна состојба.

Ѓенова слични поплави ја погодиле и пред три години кога се излеале сите реки и загинаа шест лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.