Спорт

Ѓеорѓиевска се закити со пехар од Купот на Романија

Ѓеорѓиевска се закити со пехар од Купот на Романија

Екипата на Баја Маре, чиј член е нашата Елена Ѓеорѓиевска, го освои Купот на Романија откако во финалето го совлада ЧСМ Букурешт со 18:17 (9:10).

Во исклучително интересниот финален меч, Баја Маре стигна до победата во последната секунда со гол од пенал на Валентина Ардеан-Елисеи. Претходно, натпреварот беше сосема израмнет, без посериозно водство на ниедна од екипите. Ардеан Елисеи беше најефикасна во победничкиот тим со седум гола, додека Гајгер и Букеши реализираа по три. Мартин со пет гола го предводеше ЧСМ Букурешт. Ова е трет триумф по ред за Баја Маре откако победи во ова натпреварување во 2013 и 2014 година.

Нашата репрезентативка, за жал, не беше во составот но си доби медал, заедно со Екатерина Давиденко, којa исто така не беше во составот. Во последно време Ѓорѓиевска има мала минутажа кај тренерот Тоне Тисељ, кој реши да игра со само еден десен бек и тоа Мелинда Гајгер.

Во полуфиналето, Баја Маре беше поуспешна од Нептун Констанца со 28:19, додека ЧСМ Букурешт ја совлада Крајова со 22:21.