Спорт

Ѓер ја одбрани титулата во ЛШ

Ѓер ја одбрани титулата во ЛШ

Ракометарките на Ѓер успеаја да ја одбранат европската титула, откако во финалето на фајнлфорот во Будимпешта, триумфираа над црногорскиот шампион Будуќност со 27:21 (15:10).

По минатогодишниот триумф во финалниот двомеч од ЛШ против норвешки Ларвик, екипата на Ѓер овој пат победи на првиот фајнлфор кој го организираше ЕХФ. Ова е четврта екипа на која и успева да го одбрани трофејот во Лигата на шампионите. Најефикасни кај Ѓер беа Горбич со седум погодоци, Аморим постигна 4 а Катарина Булатовиќ 3 голови . Кај Будуќност Неагу постигна седум голови.

Норвежанката Катрин Лунде Харелсен ја понесе титулата МВП на фајнлфорот, Анита Горбич е најдобар стрелец, а Катарина Булатовиќ со круна од следната сезона се сели токму во Будуќност.