Ѓер прв финалист во Лигата на шампионите

Ракометарките на Ѓер ќе имаат можност да ја брант титулата, откако се пласираа во финалето на завршниот турнир во Лигата на шампионит. Унгарките во полуфиналето на домашен терен во Будимпешта, немаа тешка задача со данскиот Митјиланд, совладувајќи го со 29:26 ( 16:11).

Уште од самиот старт Ѓер ја наметна својата игра, а по десет минути стигнаа до предност од три гола, пред се благодарение на одличните одбрани на Кетрин Лунде Харалдсен.

Кетрин Лунде Харалдсен беше извонредна на голот на Унгарките со 16 одбрани, додека најефикасна во триумфот беше Горбич со седум гола. Ковачич и Аморим постигнаа по пет, а Булатовиќ го завршИ натпреварот со пет голови. Во тимот на Митјиланд најефикасна беше Грот со 9 гола, додека Јоргенсен постигна осум погодоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.