ФОТО: Ѓоковиќ доби син

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ доби во вторникот син! Неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ (28) роди во Монте Карло здраво момче. И мајката и бебето се чувствуваат добро.

Српскиот тенисер ја објави на својот профил на Фејсбук првата фотографијата од својот штотуку роден син.

Семејството Ѓоковиќ синоќа го почнало славењето во својот стан во Белград. Гала прославата се очекува наредните недели.
Српските „Курир“ кон крајот на август објави дека е голема веројатност првенчето на Новак и Јелена да се вика Марко по братот на Новак.

Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ почнале да се забавуваат во 2006 година, а три години подоцна почнале и да живеат заедно.
Се венчаа на 10 јули годинава на Свети Стефан, а претходно во април објавија дека ќе станат родители. Двојката живее во Монте Карло, каде во моментот се наоѓаат и родителите на Јелена.
Ѓоковиќ неодамна изјави дека без Јелена можеби не би бил на самиот врв на светскиот тенис и истакна дека таа му пружала голема поддршка кога во 2010 година размислувал да прекине да се занимава со овој спорт.

 

image3

 

 

sin