Ѓоковиќ експресно во второ коло на Австралија опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ лесно обезбеди пласман во второто коло на првиот грен слем турнир Австралија опен, откако на стартот го совлада Словакот Лукаш Лацко со 6:3,7;6,6:1.

„Единствено сервисот функционираше во првите два сета. Но, морам да кажам дека очекував ваков старт и се надевам де во следните натпревари ќе играм многу подобро”, изјави Ѓоковиќ.

Резултати – мажи: Вавринка (Швајцарија) – Голубев (Казахстан) 6:4,4:1. предадено, Јужни (Русија) – Штруф (Германија) 6:1,6:4, 6:2, Ферер (Шпанија) – Гонзалес (Колумбија) 6:3. 6:4, 6:4, Бердих (Чешка) – Недовјесов (Казахстан) 6:3. 6:4. 6:3, Додиг (Хрватска) – Карловиќ (Хрватска) 7:6, 6:3,7:6, Јанович (Полска) – Томсон (Австралија) 1:6, 4:6, 6:4, 6:2, 6:1. Робредо (Шпанија) – Росол (Чешка) 6:1. 6:7, 3:6, 7:6, 8:6 итн.

Резултати – жени: С. Вилијамс (САД) – Барти (Австралија) 6:2, 6:1. Кумкхум (Тајланд) – Квитова (Чешка), 6:2,1:6, 6:4 Лисицки (Германија)-Барони (Хрватска) 6:2, 6:1, Стосур (Австралија) – Закопалова (Чешка) 6:3, 6:4, Макарова (Русија) – В. Вилијамс (САД) 2:6,6:4,6:4 Ана Ивановиќ (Србија) – Бертанс (Холандија) 6:4,6:4, Хантукова (Чешка) – Ватсон, На Ли (Кина) – Коњух (Хрватска) 6:2,6:0, Хантухова (Словачка) – Ватсон (В. Британија) 7:5, 3:6, 6:3, Кербер (Германија) – Гајдосова (Австралија) 6:3,0:6, 6:2 итн.