Ѓоковиќ го чисти снегот и го носи Стефан

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ во моментов се наоѓа во Белград, каде се одмара со сопругата Јелена и синот Стефан.

Српски „Курир“ објави видео снимки од тенисерот како во попладневните часови излегува од дома и го чисти снегот од автомобилот.

По некое време, тој заедно со Јелена и Стефан излегоа од дома и отидоа на прошетка.

фото/видео: kurir.rs